За нас

Резиме

Посветени сме кон тоа да бидете врвен клиент на ТП Ранѓеловиќ / НП Консалтинг во Македонија.

Веруваме дека сме идеални за разбирање и поддршка на вашите цели од следниве причини:

• Имаме силен тим кој што растеше и се развиваше во изминативе години. Не сме само способни да пружиме квалитетни услуги во областа на сметководството и пресметката на платите, но имаме и големо искуство и експертиза во пружање на услуги на ревизија, интерни контроли, даночен консалтинг, финансиско советување и останати консалтинг услуги, кои што можат да Ви користат во Вашите напори да ги постигнете Вашите стратешки цели.

• Целосно сме посветени на давање на професионални услуги со висок квалитет.

Историја

НП Консалтинг и ТП Ранѓеловиќ се семејни фирми, фокусирани на пружање на професионални услуги.

НП Консалтинг

НП Консалтинг е една од првите независни приватни сметководствени друштва во Македонија, основана во 1992, чии што основачи и сегашен сопственик – Наталија Ранѓеловиќ, беше признаен како еден од водечките инспектори во СОК – Служба за општествено сметководство во Македонија.
Во годините што следуваат, НП Консалтинг стана препознатлива како водечка домашна сметководствена фирма, а нејзините вработени како професионалци врз кои можете да се потпрете.
Иако, во почетокот, НП Консалтинг беше фокусирана на пружање на надворешни услуги за сметководство и пресметка на плати, во доцните 90-ти стана една од првите лиценцирани ревизорски фирми. Како таква, НП Консалтинг, играше значајна улога во развојот на ревизорската професија во Македонија.

ТП Ранѓеловиќ

ТП Ранѓеловиќ е основана од страна на Ненад Ранѓеловиќ во Април 2015. ТП Ранѓеловиќ е специјализирана за пружање на ревизорски услуги на нејзините клиенти, како професионална услуга.
Ненад Ранѓеловиќ е посветен на преносот на своите знаења и вештини, акумулирани во преку 10 години искуство како ревизор во меѓународна фирма од Големата Четворка во Македонија, при пружањето на ревизорски услуги на своите клиенти.
И покрај тоа што е основана во текот на 2015, искуството на Ненад Ранѓеловиќ ја претставува основата за нашето верување дека ревизорските услуги кои што се пружаат на нашите клиенти се согласни со сите барања на Меѓународните Стандарди за Ревизија. Неговта експертиза, исто така, го подобри квалитетот на останатите услуги кои што ги пружа НП Консалтинг.

За дополнителни информации Ве молиме погледнете ги кратките биографии на нашите лидери.

Зошто НП Консалтинг / ТП Ранѓеловиќ?

1. Нашите фирми

Ние сме едни од најфокусираните домшни фирми за пружање на професионални услуги во Македонија. Посветеноста кон највисоките стандарди за квалитет во нашата професионална работа и страста кон фокусирањето кон клиентите и услугите претставуваат темели на нашиот успех. Сите наши професионалци активно ги опслужуваат нашите клиенти на дневна основа.

2. Нашиот тим

Поседуваме екстензивно знаење и искуство за пружање на услуги на нашите клиенти.

3. Нашиот ентузијазам

Се надеваме кон работењето со Вас како наши клиенти.